Ракометарите на Тинекс Пролет денеска од 17.30 часот ќе го одиграат реваншот со Гранолјерс во рамките на квалификациите за второто по ранг натпреварување на ЕХФ. Откако Шпанците вчера славеа убедливо со 36 спрема 21, јасно е дека денешниот дуел ќе има само формален карактер и дека избраниците на тренерот, Андон Бошковски, тука ќе го завршат патот низ Европа. Во договор на двата тима двете средби се реализираат на теренот на Гранолјерс. Ќе потсетиме дека Македонија во Лигата на Европа во новата сезона ќе го има само Еурофарм Пелистер кој директно обезбеди место во групната фаза.
Author: dino
Ракометарите на Веспрем ја оправдаа фаворитската улога и го совладаа Мотор Запорожје во второто полу-финале на Ф4 турнирот на СЕХА кој се реализира во Задар. Унгарците уште во првиот дел направија големи шест голови предност и со рутинска игра во вториот дел ставија печат на пласманот во големото финале. Најефикасен во таборот на унгарскиот тим беше Гаспер Маргуч кој постигна девет голови додека нашиот Дејан Манасков даде два гола. Веспрем во решавачкиот меч за победничкиот пехар во СЕХА ќе се соочи со ППД Загреб кој претходно го совлада Мешков Брест по изведувањето на пеналите. Мечевите за конечен пласман ќе бидат…
Ракометарите на Загреб го совладаа Мешков Брест по изведувањето на пеналите со 38 спрема 37 и изненадувачки влегоа во големото финале во СЕХА лигата. Тренерот на Загреб, Ивица Обрван, не го крие задоволството. „Мислам дека имаше добар меч од страна на двата тима. Полувремето беше изедначено. Вториот дел го отворивме добро, но поради недостиг на ротација Брест не стигна. Решија пеналите кои се секогаш рулет“ – вели Обрван. „Што се однесува до пеналите, среќата беше на наша страна. Сепак, мислам дека со нашата борба и желба во сите 60-ет минути ја заслуживме победата“ –изјави голманот на Загреб, Дино Славиќ.
Марсел Сабицер кој во последните денови од преодниот рок потпиша за Баерн Минхен, денеска го одработи првиот тренинг во дресот на Баварците. Тој се наметна еден од најдобрите играчи за врска во Бундес-лигата во дресот на Лајциг и во последен миг од преодниот рок се пресели во Минхен. Австриецот поради повреда ќе мора да ги прескокне септемврските квалификации за Мундијалот. Денешните активности на искусниот фудбалер беа споделелни и преку социјалните мрежи од страна на неговиот нов тим.
Шпанскиот фудбалски интернационалец, Самуел Кастилјехо, најверојатно ќе го напушти Милан и ќе направи трансфер во ЦСКА Москва, пренесуваат денеска дел од тамошните медиуми. Бидејќи трансфер пазарот во Русија е отворен до 7 септември, тимот од Москва интензивно преговора со „росоенрите за трансфер на Шпанецот. Според наведеното, брзоногото крило ќе замине на позајмица со задолжителен откуп за сума од 8 до 10 милиони евра. Во рускиот шампионат треба да остане најмалку една година.
Поранешниот член на Арсенал, Шкодран Мустафи, кариерата ќе ја продолжи во редовите на Леванте. Дефанзивецот кој на времето играше за Валенсија сега се враќа во шпанскиот фудбал. Поранешниот репрезентативец на Германија во 2016 година ја напушти „Месталја“ и замина во редовите на „топчиите“. Таму остана цели пет години. Мустафи во претходната полу-сезона му беше позајмен на германскиот состав Шалке.
Легендарниот тренер на фудбалерите на Aрсенал, Арсен Венгер, вели дека „топчиите“ и покрај катастрофалниот старт на сезоната во Премиер-лигата, на крајот ќе завршат во самиот врв. „Арсенал има група одлични играчи и до крајот на сезоната ќе заврши околу врвот на табелата“ –изјави Французинот кој седеше на кормилото на Арсенал од 1996 до 2018 година. Интересно е дека тимот од Лондон во текот на летово потроши најмногу пари за трансфери.
Македонската фудбалска репрезентација одигра без голови против Ерменија во рамките на 4. коло во групата „Ј“ за пшласман на Мундијалот во Катар. На арената во Скопје во главно изедначена игра со акцент на средината на теренот, избраниците на новиот селектор, Благоја Милевски, упатија само еден удар во рамките на голот додека противниците имаа исто така скромни три шута. Во другите два меча во нашата група, Германија победи кај Лихтенштај со 2-0 додека Романија со идентична победа се врати од гостувањето на Исланд. На табелата, Ерменија е лидер со 10 бодови, Германија има 9, Македонија 7, Романија 6, Исланд 3 а Лихтенштајн…
Ракометарите на Мешков Брест и Загреб денеска го реализираа официјалниот трениг пред утрешниот старт на завршниот Ф4 турнир во СЕХА лигата во Задар. Таму требаше да биде и нашиот Вардар кој ги елиминираше токму Хрватите во 1 /4 финалната пресметка, но, откако е откриен случај со Ковид-19 кај „црвено-црните“, тие по службен пат се елиминирани од страна на СЕХА. Утре мечот меѓу Белорусите и Загреб ќе стартува од 18.00 часот додека вториот дуел од полу-финалето меѓу Веспрем и Мотор З. ќе започне во 20.30 часот. Победниците од тие два меча в недела ќе се борат за првото место. За сите…
Менаџерот на фудбалерите на Ливерпул, Јирген Клоп ја коментираше состојбата во германската репрезентација. „Англија има седум напаѓачи, зошто ние немаме?“, Праша специјалистот. Бундестимот денеска ќе го одигра првиот натпревар под водство на новиот тренер Ханси Флик. „Англија има најмалку седум класични централни напаѓачи кои можат да играат за националниот тим. Зошто го немаме тоа? Во принцип, тоа ни недостасува. Напаѓачите мора да доаѓаат од некаде“ – изјави Клоп за РТЛ.
