Ракометарите на Веспрем ја оправдаа фаворитската улога и го совладаа Мотор Запорожје во второто полу-финале на Ф4 турнирот на СЕХА кој се реализира во Задар.
Унгарците уште во првиот дел направија големи шест голови предност и со рутинска игра во вториот дел ставија печат на пласманот во големото финале. Најефикасен во таборот на унгарскиот тим беше Гаспер Маргуч кој постигна девет голови додека нашиот Дејан Манасков даде два гола.
Веспрем во решавачкиот меч за победничкиот пехар во СЕХА ќе се соочи со ППД Загреб кој претходно го совлада Мешков Брест по изведувањето на пеналите. Мечевите за конечен пласман ќе бидат одиграни в недела.