Француската фудбалска репрезентација по неуспехот на ЕУРО 2020, продолжи со слаби партии и во квалификациите за Мундијалот во Катар. „Триколорите“ по ремито со БИХ, одиграа повторно без победник и со Украина. Тоа сепак не го загрижува напаѓачот, Карим Бензема. „Не би рекол дека имаме причина за загриженост. Знаеме дека натпреварите стануваат се потешки и дека треба да го подигнеме темпото на игра“ – вели Бензема. „Наше е да направиме разлика на теренот. Мислам дека го имаме потребниот квалитет кај репрезентативците“ – потенцираше напаѓачот на Франција.
Author: dino
Аргентинскиот фудбалски селектор, Лионел Скалони, беше многу тажен и разочаран од настаните што доведоа до прекин на вчерашниот натпревар против „кариоките“. Како што е познато, бразилските здравствени власти влегоа на теренот само неколку минути од почетокот на натпреварот со тенденција да депортираат четворица гостински играчи кои настапуваат во Премиер- лигата бидејќи не биле подложени на задолжителен карантин „Јас сум многу тажен. Не барам виновник за тоа. Не беше вистинското време да се направи такво нешто. Немам зборови. Делегатот на КОНМЕБОЛ ни рече да се вратиме во соблекувалната“ – потенцираше Скалони.
Челниците на Манчестер Сити подготвуваат нов договор за младиот фудбалер, Фил Фоден, кој сега ќе заработува речиси четири пати повеќе од актуелната сума. Наводно, „граѓаните“ ќе му понудата на 21-годишниот фудбалер да остане на “Етихад“ и во наредните шест години и да добива неделна плата од 150.000 фунти. Крилниот напаѓач во претходната сезона одигра 28 натпревари во Премиер-лигата и постигна девет голови.
Ветеранот, Франк Рибери, денеска треба да ги помине лекарските прегледи и да потпише за фудбалскиот состав Салернитана, објави весникот- „Газета дело Спорт“. Тој ќе добие договор на една плус една сезона доколку исполни одредени услови. Салернитана по цели 22 години се врати во Серија А, но, откако имаше лош старт, управата реши да го ангажира 38-годишниот Французин.
Фудбалерот на РБ Лајпциг, Дани Олмо, може да го обелече дресот на Барселона. Наводно, луѓето од „Камп Ноу“ сакаат првично да го ангажираат на позајмица а дури потоа да му го откупат договорот. Германскиот состав за потписот на одличниот напаѓач бара 75 милиони евра. 23-годишниот играч претходно ги бранеше боите на Динамо Загреб. Тоа значи дека и Хрватите според една од клаузулите во договорот, ќе добијат одредена сума од колачот доколку Олмо заигра во Примера Дивизион.
Бразилскиот фудбалер, Нејмар, кој го продолжи договорот со ПСЖ до летото во 2025 година, ќе инкасира вкупно 489.228.117 евра, објавија дел од медиумите. Брзоногиот играч кој е запишан како најскапото засилување во историјата на „светците“ и воопшто на фудбалот, пристигна на „Паркот на принцовите“ за огромни 222 милиони евра откако ја напушти Барселона. Големата ѕвезда на францускиот состав сега ќе добива 50,5 милиони евра по сезона .
Нашите најдобри фудбалери утре во Рејкјавик ги очекува мечот со Исланд во рамките на 5-то коло во квалификациската група за пласман на Светското првенство. Нашиот играч, Стефан Спировски, вели дека сите добро се адаптираат на стилот кој го наметна новиот селектор, Благоја Милевски. „Натпреварот со Ерменија беше прв натпревар со новиот селектор, нови замисли, нови идеи…Мислам дека добро се адаптиравме на стилот на игра кој го практикува, меѓутоа Ерменија добро се бранеше. Ние не ги искористивме тие шанси кои ги имавме, сега сме тука во Исланд да се обидеме да ги надполниме изгубените бодови“- вели Спировски. „Максимално сме подготвени да…
Тренерот на ракометарите на Загреб, Ивица Орван, во изјавата за Спортско радио 90,3 ФМ, нагласи, дека се соочува со одредени проблеми во тимот пред утрешното финале со Веспрем на Ф4 турнирот на СЕХА во Задар. „Значајно беше дека вчера победивме против фаворитот. Одигравме многу подобро во нападот за разлика од двата меча со Вардар. Функционираше играта еден на еден и нашите бекови беа расположени. Сега ќе ни биде многу тешко со Веспрем кој е главниот фаворит на турнирот“ – вели Обрван. „Останавме без Матиќ, Срна и Сандро, значи сите три леви бека ни се во аут. На таа позиција го…
Фудбалскиот репрезентативец на БИХ, Миралем Пјаниќ, откако ја напушти Барса и направи трансфер во Бешикташ, без влакна на јазикот ја објасни неговата ситуација во редовите на Каталонците. „Почнав две недели подоцна и тренирав сам. Поминаа еден, два три, пет, десет дена а Куман не дојде да зборува со мене. Не ме претстави пред тимот што вообичаено го прават сите тренери. Не играв и не ми кажуваше зошто не играм“ – изјави Пјаниќ. „Играв по 5-10 минути или ќе се загревав цело полувреме и немаше да влезам. Никогаш не сум видел некој тренер да води екипа како што тоа го прави…
Хуан Роман Рикелме, прославениот фудбалер на Бока Јуниорс, Вилјареал и Барселона, верува дека ПСЖ со ангажманот на Лео Меси има голема шанса да ја освои Лигата на шампионите. „Ако ПСЖ со Меси не ја освои Лигата на шампионите, никогаш нема да победи. Меси е најдобар затоа што сака да игра со топка“ – рече Рикелме кој ја извршува функцијата потпретседател на Бока Јуниорс. „Мислам дека Меси ќе ја освои Лигата на шампионите со ПСЖ а потоа ќе се пензионира во Барселона“ – потенцираше Рикелме.
