Author: dino

Барселона е многу блиску до испраќање на Миралем Пјаниќ на позајмица во Бешикташ до крајот на сезоната. Фудбалерот од средниот ред има тригодишен договор со Каталонците, но, не влегува во плановите на тренерот, Роналд Куман. Преодниот рок во Турција уште не е затворен и репрезентативецот на БИХ се уште може да се пресели во гигантот од Истанбул. 31-годишниот играч добива 9 милиони евра по сезона а Бешикташ се очекува да покрие од таа сума околу 3 милиони.

Read More

Новото засилување на Манчестер Сити, Џек Грилиш, знае дека очекувањата од него се големи откако „граѓаните“ и дадоа на Астон Вила 100 милиони фунти за неговиот потпис. Со таа сума,  тој стана најскапиот британски играч. „Секогаш размислувам колку можам да му помогнам на тимот. Затоа платија толку многу за мене. Тоа го прават за играчите како Кевин Де Бруин кој знае да донесе пресврт“ – вели Грилиш. „Имам 25 години, имам три, четири, пет години додека не ја достигнам идеалната возраст. Имам уште многу да научам и многу да се подобрам“ – потенцираше напаѓачот.

Read More

Директорот на Агенција за млади и спорт, Наумче Мојсовски денеска имаше средба со Јапонскиот амбасадор, Хиронори Савада. На истата беше нагласена одличната соработка меѓу двете земји и се споделија искуства за понатамошно зајакнување во доменот на младите и спортот. „Ние како амбасада секогаш сакаме да ја подобриме соработка и размислуваме во таа насока. Имаме идеја за збратимување на две општини со што би ги зближиле нашите идеи и вредности во сферата на гимнастиката како и во сите спортови и младински организации” -истакна амбасадорот Савада. Директорот Мојсовски изрази уверување дека ќе продолжи одличната соработка меѓу двете страни. На средбата присуствуваше и…

Read More

Од петок до недела во Задар ќе биде реализиран завршниот Ф4 турнир во регионалната ракометна – СЕХА лига. Според распоредот, Вардар и Мешков Брест ќе играат од 18.00 часот додека второто полу-финале меѓу Веспрем и Мотор Запорожје ќе биде од 20.30 часот. Информациите  велат дека противникот на „црвено-црните“ ќе допатува ослабен во Хрватска без одличниот голман, Иван Пешиќ и бековите Павел Пачковски и Егор Будејко. Во составот ќе го нема ниту пикерот Артјом Селвасјук кој ќе остане во Белорусија.

Read More

Фудбалската федерација на Бразил побара од ФИФА да ги казни англиските клубови бидејќи  не ги пуштаат репрезентативците од Јужна Америка да играат во септемвриските квалификации за пласман на СП во 2022 година. Имено, Бразил и Аргентина се наоѓаат на црвената листа на Британската влада поради Ковид-19 а токму тие две земји имаат и повеќе интернационалци кои ги бранат боите на: Челзи, Ливерпул, Лидс, Евертон, Манчестер Јунајтед и Манчестер Сити. Познато е дека Британија донесе одлука сите што ќе дојдат од Јужна Америка ќе мора да заминат во карантин од најмалку 10 дена што значи дека во случајов, екипите од Островот…

Read More

Полска и Шведска ќе домаќини на Светското првенство во ракомет во 2023 година во машка конкуренција. Во земјата на „викинзите“ мечевите ќе бидат одиграни од 11 до 29 јануари во Гетеборг, Малме, Стокхолм, Кристијанштад и Јончепинг. Полска дополнително ќе го објави списокот со градови. Финалето треба да се одигра во „Теле2 Арена“ во Стокхолм која има капацитет од 20.000 гледачи. Групите ќе се формираат догодина во јануари. Мундијалот ќе биде со  32 репрезентации. Полска која прв пат ќе биде организатор на СП и Шведска која четири пати ја имала таа улога, заедно со актуелниот  бранител на титулата, Данска, автоматски имаа…

Read More

Агентот на Дони ван де Бек го обвини Манчестер Јунајтед дека го блокирал трансферот на неговиот клиент. Поранешниот фудбалер на Ајакс им се приклучи на „црвените ѓаволи“ во септември во 2020 година за 35 милиони фунти плус 5 милиони како бонуси, но, не се наметна кај тренерот,  Оле Гунар Солскјер. Тој имаше само 36 настапи и главно влегуваше од клупата за резерви. Ван де Бек беше поврзуван со трансфер во Евертон, но,  норвешкиот тренер го „блокирал“  трансферот. Затоа неговиот агент, Гвидо Алберс, објаснува дека  Дони сака да игра редовно и дека не е задоволен од статусот.

Read More

Новиот фудбалер на Челзи, Саул Нигез, откако буквално во последните минути на преодниот рок направи трансфер кај „сините“, објасни дека се чувствувал како Де Геа кој пред неколку години не замина во Реал Мадрид бидејќи документација не пристигна пред полноќ. „Часот  беше 23:57 кога се заврши трансферот.  Мислев нема да се случи, се чувствував како Де Геа. Нервозна беше и мојата сопруга“ – вели Нигез. Шпанскиот репрезентативец го напушти Атлетико Мадрид и како позајмен играч замина во Лондон.  

Read More

Стефан Ристовски кој ја презеде капитенската лента по заминувањето на Горан Пандев, вели дека тоа е за него голема чест. „Сакам уште еднаш јавно да се заблагодарам на капитенот Горан Пандев. Тој треба да биде пример како да се продолжи репрезентативниот пат. Секако, голема благодарност и до селекторот што ми дава доверба да бидам предводник“ – вели Ристовски кој се насочи и кон претстојните мечеви. „Имаме промени, нема многу време, доволно сме професионални за да продолжиме каде што застанавме. Се надевам на позитивен резултат и убав нов почеток“ – изјави Ристовски.

Read More

Селекторот на нашата најдобра фудбалска репрезентација, Благоја Милевски, пред утрешниот квалификациски меч со Ерманија за пласман на Мундијалот, потенцира, дека ќе бара тимска игра. „Досега играта повеќе се знасноваше на индивидуалните квалитети на одредени играчи. Сега ќе треба да функционираме како тим, нашата интенција ќе биде да имаме тимска игра. Сите фубалери со текот на времето ќе се адаптираат на новите замисли“ – вели селекторот Милевски. „Одреден број на играчи немаат минутажа во клубовите, некои немаа вистински натпревари. Сепак, не сакав да направам драстични промени“ – потенцираше нашиот селектор на денешната прес-конференција. Тој утре ќе дебитира на клупата кај сениорите.

Read More