Полска и Шведска ќе домаќини на Светското првенство во ракомет во 2023 година во машка конкуренција. Во земјата на „викинзите“ мечевите ќе бидат одиграни од 11 до 29 јануари во Гетеборг, Малме, Стокхолм, Кристијанштад и Јончепинг.
Полска дополнително ќе го објави списокот со градови. Финалето треба да се одигра во „Теле2 Арена“ во Стокхолм која има капацитет од 20.000 гледачи. Групите ќе се формираат догодина во јануари. Мундијалот ќе биде со 32 репрезентации.
Полска која прв пат ќе биде организатор на СП и Шведска која четири пати ја имала таа улога, заедно со актуелниот бранител на титулата, Данска, автоматски имаа обезбедено учество.