Данил Медведев, вели дека сите учесници на Отвореното првенство на САД во тенис ќе се обидат да го запрат Новак Ѓоковиќ, да испише историја со освојување на сите Грен Слем турнири во една година. Србинот е на чекор да го повтори успехот на легендарниот Род Лејвер од Австралија остварен во 1969 година. „Сигурен сум дека Новак сака да победи. Сепак, ние сме тука да го спречиме да го освои САД Опен“ – вели Медведев кој играше во финалето во 2019 година.
Author: dino
Ракометарите на Еурофарм Пелистер денеска загубија кај Меков Брест со 35 спрема 1 и со два пораза се елиминирани во 1 /4 финалето во СЕХА лигата. Белорусите кои победија во првиот меч во Битола со 31:27, денеска доминираа од првата до последната минута и си обезбедија место на завршниот Ф4 турнир кој ќе се реализира во Задар од 3 до 5 септември. Валјупов со 11 погодоци денеска беше убедливо најдбриот голгетер на мечот додека во нашиот состав се наметнаа Мандалиниќ и Обрадовиќ кои постигнаа по пет голови.
Јувентус вчера загуби дома од Емполи со 1-0 а камерите го уловија капитенот, Џорџо Киелини, кој во комуникација со тренерот, Алегри, рече -„Ова не е тим“. Денеска уште еден од играчите на „бјанконерите“ – Леонардо Бонучи, преку социјалните мрежи се осврна на вчерашниот меч кој донесе ново разочарување на фановите на „старата дама“. – Јувентус не е тоа што беше вчера. „Сега е време за работа и постигнување резултати“ – напиша тој. Јуве по трет пат во последните 52 години нема победа во првите два меча во Серија „А“ откако во воедното коло ремизираше со Удинезе а вчера остана со…
Фудбалскиот состав на Барселона ја одби понудата од Тотенхем за бекот, Емерсон Ројал, открива –„ESPN“. Англискиот клуб понудил 20 милиони евра плус играчот, Серж Орие. Емерсон пристигна во каталонската престолнина во текот на летово откако беше купен од Бетис за 9 милиони евра. 22-годишниот Бразилец ги помина последните две сезони во Бетис, со тоа што неговите права беа поделени меѓу двата клуба. Емерсон учествуваше на трите претходни средби во Ла Лига а денеска дебитираше и како стартер на дуелот со Гетафе.
Тренерот на фудбалерите на ПСЖ, Маурисио Покетино, нагласи дека напаѓачот, Килиан Мбапе, не изразил желба да си замине од – „Паркот на принцовите“ што е сосема спротивно на сите најави дека набрзо ќе потпише за Реал Мадрид. „Мбапе ми нема кажано дека сака да си оди. Тој тренира одлично и навистина не знам какви му се плановите“ – изјави аргентинскиот стратег. ПСЖ кој досега забележа три победи во Лига 1, утре во рамките на 4. Коло го очекува мечот со Ремс
Манчестер Сити денеска го прегази Арсенал со 5-0 во дерби мечот од Премиер-лигата а тренерот на „граѓаните“, Пеп Гвардиола, упати утешни зборови за неговиот колега, Микел Артета, кој веднаш се најде на жесток удар на фановите. „Артета е повеќе од адекватен менаџер за Арсенал. Го има потребниот карактер. Тимот со кој денеска излезе беше без седум или осум значајни играчи“ – потенцира Гвардиола. Фудбалерите на Манчестер Сити со денешните освоени бодови се зацврстија на челната позиција на табелата.
Шпанецот, Пол Еспергаро, со моторот на Хонда ја освои пол -позицијата пред неделната трка за Големата награда на Велика Британија. Второто место на денешните квалификации го обезбеди Италиајнецот, Франческо Бањаја од Дукати а третото му припадна на лидерот во генералниот пласман, Фабио Квартарато од Јамаха. Французинот досега собра 181 бод, Бањаја и Шпанецот, Мир, го делат второто место во поредокот со 134 бодови.
Холанѓанецот, Макс Верстапен, со болидот на Ред Бул стигна до пол-позицијата за утрешната трка во Формула 1 која ќе биде возена за Големата награда на Белгија. Британецот, Џорџ Расел од екипата на Вилијамс го освои второто место на денешните квалификации додека неговиот сонародник во Мерцедсе, Луис Хамилтон, имаше трето време.Натаму во Топ 10 се се наредија: Рикардо, Фетел, Гасли, Перез, Ботас, Окон и Норис. Квалификациите беа прекинати во почетокот на третата рунда кога поради силен дожд Норис излета од патека и со брзина од 300 километри на час удри во заштитната ограда. Тој свесен го напушти болидот и влезе во…
Фудбалските состави на Рома и на Тотенхем кои се наметнуваат како главни фаворити за освојување на Конференциската лига не добија атрактивна група. Четата на Мурињо ја очекуваат мечеви против Зорија, ЦСКА Софија и Бодо додека „спарси“ ќе играат со: Рен, Витесе и Мура. Еве ги комплетните групи. Група А: Ласк, Макаби Тел Авив, Алашкерт, Хелсинки Група Б: Гент, Партизан, Флора Талин, Анортозис Група Ц: Рома, Зорја,ЦСКА Софија, Бодо Група Д: АЗ Алкмар, Клуж, Јаблонец, Рандерс Група Е: Славија Прага, Феенорд, Унион Берлин, Макаби Хаифа Група Ф: Копенхаген, ПАОК, Слован, Линколн Група Г: Тотенхем, Рен, Витесе, Мура Група Х: Базел, Карабах, Каират, Омонија Првото коло по групи во во…
Денеска беа формирани двојките за првото елиминациско коло во фудбалскиот Куп на нашава земја. Последните финалисти, Силекс и Академија Пандев, ќе ја скокнат воведната рунда и ќе се вклучат од втората рунда. Еве ги комплетните двојки за првото коло. Детонит – Македонија ЃП Победа – Вардар Кит-Го – Шкендија Беса – Скопје Локомотива – Охрид Љуботен – Пелистер Гостивар – Ренова Кораб – Беласица Њу Старс – Борец Слога Виница – Работнички Новаци – Тиквеш Саса – Струга ТЉ Воска Спорт – Брегалница Велешта – Шкупи Мечевите ќе бидат одиграни на 15 септември. Доколку нема победник во регуларниот дел, веднаш…
