Шпанецот, Пол Еспергаро, со моторот на Хонда ја освои пол -позицијата пред неделната трка за Големата награда на Велика Британија.
Второто место на денешните квалификации го обезбеди Италиајнецот, Франческо Бањаја од Дукати а третото му припадна на лидерот во генералниот пласман, Фабио Квартарато од Јамаха.
Французинот досега собра 181 бод, Бањаја и Шпанецот, Мир, го делат второто место во поредокот со 134 бодови.