Author: dino

Денеска во Истанбул беа формирани групите за новата сезона во Лигата на Европа. . ГРУПА А: ЛИОН, РЕНЏЕРС, СПАРТА П. БРОНДБИ ГРУПА Б: МОНАКО, ПСВ, РЕАЛ СОСИЕДАД, ШТУРМ. ГРУПА Ц: НАПОЛИ, ЛЕСТЕР, СПАРТАК МОСКВА, ЛЕГИЈА,. ГРУПА Д: ОЛИМПИЈАКОС, АЈНТРАХТ ФРАНКФУРТ, ФЕНЕРБАХЧЕ, АНТВЕРПЕН. ГРУПА Е: ЛАЦИО, ЛОКОМОТИВ МОСКВА, ОЛИМПИК МАРСЕЈ, ГАЛАТАСАРАЈ ГРУПА Ф: БРАГА, ЦРВЕНА ЅВЕЗДА, ЛУДОГОРЕЦ, МИДТЈИЛАНД, ГРУПА Г: БАЕР ЛЕВЕРКУЗЕН, СЕЛТИК, БЕТИС, ФЕРЕНЦВАРОШ ГРУПА Х: ДИНАМО ЗАГРЕБ, ГЕНК, ВЕСТ ХЕМ, РАПИД ВИЕНА Новата сезона во второто по ранг натпреварување под капата на УЕФА ќе започне на 16 септември.  

Read More

Напаѓачот на фудбалскиот состав Лидс, Патрик Бамфорд, може да дебитира за Англија откако доби повик за квалификациските мечеви со Унгарија, Андора и Полска, кои ќе бидат одиграни во почетокот на септември. Селекторот на „Гордиот Албион“, Герет  Саутгејт, за мундијалските квалификации го врати во тимот десниот бек на Ливерпул, Трент Александар-Арнолд, кој го пропушти Евро 2020 поради повреда како и крилото на Манчестер Јунајтед, Џеси Лингард. Левиот бек на Челзи, Бен Чилвел, кој не настапи за лондончани на првите два меча во новата сезона отпадна од списокот.

Read More

Спортскиот директор на ПСЖ, Леонардо, експресно најде замена за Килијан Мбапе кој е на излезната врата од – „Паркот на принцовите“. Откако доцна синоќа – „Марка“ објави дека „светците“ ја прифатиле понудата на Реал Мадрид од 180 милиони евра и дека младиот голгетер ќе замине во Шпанија, медиумите денеска открија дека ПСЖ започнал преговори со играчот на Евертон, Ришарлисон. Наводно, неговите менаџери пристигнале во Париз да ги договорат деталите иако последниот збор ќе го имаат популарните „карамели“. Бразилецот во текот на летово имаше одлични настапи на Копа Америка а веднаш потоа се израдува и на златниот медал на Игрите во…

Read More

Екипата на Волфсбург службено е елиминирана од фудбалскиот Куп на Германија бидејќи направи шест замени или една повеќе од дозволеното на мечот со нисколигашот Минстер во првото елиминациско коло. Популарните „волци“ победија со 3 спрема 1 во продолженијата, но, направиле грешка што не ја забележале ниту официјалните лица на мечот. Одлуката за дисквалификација доаѓа по жалбата на Минстер кој сега ќе има можност да се појави во второто елиминациско коло. Интересно е што Волфсбург и во минатото ја доживела истата судбина откако пушти во игра фудбалер кој морал да паузира поради претходно заработен црвен картон.

Read More

Навивачите на Манчестер Јунајтед жестоко реагираа преку социјалните мрежи откако се појави информација дека Кристијано Роналдо ќе го напушти Јувентус и за 25 милиони евра ќе се пресели во  Манчестер Сити. Португалскиот ас за „црвените ѓаволи“ одигра 292 меча и даде 118 гола.  -Ти си предавник! И ќе останеш така запаметен, како најголем предавник! Рацете ти се крвави, Роналдо“, вели еден навивач на Јунајтед за „Мирор“. -Не заслужуваш да имаш статус на легенда на Јунајтед. Навистина ли за пари си спремен да го уништиш тоа што го остави како наследство на Олд Трафорд?“, му порачал друг навивач.

Read More

Првиот голгетер на Тотенхем, Хари Кејн, побарал од претседателот, Даниел Леви, поголема плата откако „спарси“ не му дозволија да замине во редовите на Манчестер Сити. Англиската фудбалска ѕвезда со 15 милиони фунти по сезона е третиот најплатен играч на Островот заедно со Рахим Стерлинг од Сити и Пол Погба од Јунајтед. Како што објави весникот – „Тајмс“, Леви наводно е подготвен да му ја исполни желбата, но, тоа да биде во форма на различни бонуси.

Read More

Шпанската фудбалска ЛА Лига им забрани на интернационалците од Јужна Америка да настапуваат за нивните репрезентации во септемврискиот циклус квалификации. Откако Премиер-лигата донесе таква одлука поради строгите протоколи околу ковид-19 во Англија, истиот чекор очекувано го направи и Шпанија. Во целата ситуација најверојатно ќе се инволвира и ФИФА која ќе се обиде да најде решение за проблемот.

Read More

Младиот фудбалер на Барселона, Илаиш Мориба, може да направи трансфер во екипата на Тотенхем откако Каталонците ги одбија неговите финансиски барања за да потпише нов договор. Сега 18-годишниот играч може да договори соработка со „Спарси“ до 2025 година. Се претпоставува дека англичаните ќе платат околу 20 милиони евра за репрезентативецот на Гвинеја кој има и шпанско државјанство. Претходно, германскиот Лајпциг испрати понуда за него во висина од 15 милиони евра, но, тимот од „Kамп Ноу“ експресно ја одби.

Read More

Напаѓачот, Килијан Мбапе, ќе си замине од ПСЖ и ќе се пресели во Реал Мадрид, објави вечерва весникот – „Марка“ повикувајќи се на извори од шпанскиот клуб. Тоа значи дека Французите ја прифатиле понудата од 170 милиони евра плус бонуси од 10 милиони и дека брзоногиот голгетер има отворена врата да замине на стадионот – „Сантијаго Бернабе“. Најскапиот трансфер во историјата на „кралевите“ треба да биде потврден утре.

Read More

Ракометарите на Вардар го совладаа Загреб со 24 спрема 20 во првиот меч од последниот елиминациски филтер за место на завршниот фајнал-фор во СЕХА лигата. Во салата –„Јане Сандански“ по подолг период пред ограничен број на гледачи поради ковид-пандемијата, домаќинот одигра подобро во вториот дел и успеа да обезбеди предност за реваншот во Хрватска на 31. Август. Кај „црвено-црните“, Анте Кудуз и Тимур Дибиров постигнаа по седум голови додека кај гостите се издвои екс-вардарецот, Иван Чупиќ, кој даде осум голови од кои шест со удари од седум метри.

Read More