Author: dino

Денеска во Истанбул беа формирани групите за новата сезона во Лигата на фудбалските шампиони. Group A : Манчестер Сити, ПСЖ, Лајпциг и Бриж Group B : Атлетико Мадрид, Ливерпул, Порто и Милан Group C :   Спортинг Лисабон, Борусија Дортмунд, Ајакс и Бешикташ Group D :  Интер, Реал Мадрид, Шахтјор Донецк и Шериф Тираспол Group E :  Баерн Минхен, Барселона, Бенфика и Динамо Киев Group F:  Вилјареал, Манчестер Јунајтед, Аталанта и Јанг Бојс   Group G:  Лил, Севилја, Салцбург и Волфсбург   Group H:  Челзи, Јувентус, Зенит и Малме УЕФА ги одреди и најдобрите за одредени позиции на теренот за претходната…

Read More

Куманово, ТФТ и Академија ФМП денеска ги дознаа противниците за групната фаза во регионалната – БИБЛ кошаркарска лига. Кумановци и ФМП ќе бидат во групата „А“ заедно со : Хапоел Галил Гилбоа, Балкан и Пеќ додека ТФТ ќе се натпреварува во групата „B“ со Ирони, Академик Пловдив, Берое и Сигал Приштина. Новата сезона треба да започне кон средината на септември. БИБЛ најави, дека може да има и нови екипи доколку се прифатат апликациите на тимовите од Црна Гора и Романија.

Read More

Италијанскиот фудбалски шампион, Интер, денеска го претстави Хоакин Кореа кој потпиша договор до летото во 2025-та. 27-годишниот напаѓач кој деновиве го напушти римски Лацио, прво ќе игра на позајмица а на крајот на сезоната, „нероаѕурите“ ќе треба да платат 30 милиони евра за откуп на неговиот договор. Хоакин за „римските орли“ има одиграно 117 натпревари на кои успеа да постигне 30 гола

Read More

Фудбалскиот состав, Манчестер Јунајтед, објави дека младиот играч за врска Скот МекТоминеј, имал операција на напрепоните. – Откако не го решивме проблемот со алтернативни третмани, операцијата се пока како задолжителна. Се надеваме дека ќе се врати брзо“ – гласи објавата на Јунајтед. МекТоминеј нема да игра на викенд-мечот со Вулверхемптон во Премиер лигата и нема да настапи за Шкотска во септемвриските квалификации.

Read More

Ракометарот, Игор Карачиќ, е на добар пат да си замине од Киелце откако не успева да се договори за продолжување на соработката со актуелниот првак на Полска. Хрватот практично ја одработува последната сезона а првиот човек на клубот, Бертус Сервас, интензивно бара негова замена. Според најавите, тоа ќе биде некогашниот вардарец, Сташ Скубе, кој ги брани боите на Мешков Брест. Неговиот договор со белорускиот состав исто така ќе истече догодина во јуни.

Read More

Ракометната СЕХА лига, објави, дека Ф4 турнирот во Задар ќе се одигра без присуство на публика поради зголемениот број на новозаразени со Ковид-19 во регионот на Далмација. Доколку ситуацијата се промени во позитивна насока, тогаш одреден број на фанови може да се појават на трибините. Завршницата на регионалната конкуренција требада бидат одиграни  од 3 до 5 септември во спортскиот центар – „Вишњик“. Нашите екипи Вардар и Еурофарм Пелистер деновиве ги реализираат четвртфиналните пресметки со Загреб и Мешков Брест.

Read More

Селекторот на нашата најдобра фудбалска репрезентација, Балгоја Милевски, денеска го објави поширокиот список за септемврските квалификациски мечеви со Ерменија, Исланд и Романија. Кај голманите се повикани: Димитриевски, Шишковски, Илиев и Јанков. Во одбраната: С. Ристовски, Велковски, Муслиу, К.Ристевски, Алиоски, Тодоровски, Ашковски, Зајков и Серафимов. За средниот ред ќе конкурираат: Елмас, Барди, Спировски, Костадино и Аврамовски. На списокот се ставени и Боби Николов кој е позитивен на Ковид и повредениот Адеми. Милевски во нападот ги повика : Јаховиќ, М. Ристовски, Миовски, Чурлинов, Трајковски и Ѓорѓев. Македонија на 2. септември ќе ја пречека Ерменија во Скопје, три дена потоа ќе оди на…

Read More

Ракометарите на Вардар утре во Скопје ќе го одиграат првиот меч со Загреб во рамките на 1 / 4 финалето во регионалната СЕХА лига. Играчот на „црвено-црните“, Анте Гаџа, вели дека двата тима одлично се познаваат. „Мислам дека мечот доаѓа во неповолен момент и за нас и за нив, многу е рано, но, што е тука е ние. Се надевам дека ние ќе бидеме подготвени и дека ќе славиме на домашен терен и со што подобар резултат ќе заминеме на реваншот во Загреб„ – вели Гаџа. „Мислам дека клучот за успех треба да биде нашата одбрана и секако добрите голмани.…

Read More

Нашиот фудбалски репрезентативец, Бобан Николов, кој деновиве потпиша за Шериф Тираспол, има позитивен тест на ковид-19 што претставува дополнителен проблем за селекторот, Боби Милевски, кој денеска треба да го соопшти списокот за септемврските мечеви во квалификациите за Светското првенство. Познато е дека капитенот на Динамо Загреб, Аријан Адеми, се лекува од потешката повреда со што се компликува состојбата кога станува збор за нашиот среден ред. Според распоредот, Македонија на 2. септември ќе ја пречека Ерменија во Скопје, три дена потоа ќе оди на Исланд додека на 8. септември ќе и биде домаќин на Романија.

Read More

Повремениот италијански фудбалски репрезентативец, Давиде Запакоста, кариерата ќе ја продолжи во редовите на Аталанта. Тој по четири сезони си замина од Челзи бидејќи не ја доби вистинската шанса и постојано беше испраќан на позајмица. 29-годишниот играч  потпиша за „сините“ во 2017-та, но, во последните две сезони играше како позајмен во „Серија „А“ за екипите на Рома и на Џенова. Десниот бек и претходно го носеше дресот на екипата од Бергамо и тоа во сезоната 2014/15.

Read More