Ракометната СЕХА лига, објави, дека Ф4 турнирот во Задар ќе се одигра без присуство на публика поради зголемениот број на новозаразени со Ковид-19 во регионот на Далмација.
Доколку ситуацијата се промени во позитивна насока, тогаш одреден број на фанови може да се појават на трибините. Завршницата на регионалната конкуренција требада бидат одиграни од 3 до 5 септември во спортскиот центар – „Вишњик“.
Нашите екипи Вардар и Еурофарм Пелистер деновиве ги реализираат четвртфиналните пресметки со Загреб и Мешков Брест.