Ракометарите на Вардар утре во Скопје ќе го одиграат првиот меч со Загреб во рамките на 1 / 4 финалето во регионалната СЕХА лига. Играчот на „црвено-црните“, Анте Гаџа, вели дека двата тима одлично се познаваат.
„Мислам дека мечот доаѓа во неповолен момент и за нас и за нив, многу е рано, но, што е тука е ние. Се надевам дека ние ќе бидеме подготвени и дека ќе славиме на домашен терен и со што подобар резултат ќе заминеме на реваншот во Загреб„ – вели Гаџа.
„Мислам дека клучот за успех треба да биде нашата одбрана и секако добрите голмани. Ќе треба да одиграме агресивна игра бидејќи и тие ќе се обидат да го направат истото. Се надевам дека нема да го дозволиме тоа, очекувам со добар резултат да заминеме за Загреб“ – вели Гаџа.