Куманово, ТФТ и Академија ФМП денеска ги дознаа противниците за групната фаза во регионалната – БИБЛ кошаркарска лига.
Кумановци и ФМП ќе бидат во групата „А“ заедно со : Хапоел Галил Гилбоа, Балкан и Пеќ додека ТФТ ќе се натпреварува во групата „B“ со Ирони, Академик Пловдив, Берое и Сигал Приштина.
Новата сезона треба да започне кон средината на септември. БИБЛ најави, дека може да има и нови екипи доколку се прифатат апликациите на тимовите од Црна Гора и Романија.