Ракометарот, Игор Карачиќ, е на добар пат да си замине од Киелце откако не успева да се договори за продолжување на соработката со актуелниот првак на Полска.
Хрватот практично ја одработува последната сезона а првиот човек на клубот, Бертус Сервас, интензивно бара негова замена.
Според најавите, тоа ќе биде некогашниот вардарец, Сташ Скубе, кој ги брани боите на Мешков Брест. Неговиот договор со белорускиот состав исто така ќе истече догодина во јуни.