Author: dino

Од денеска може да се купат влезници за квалификациските мечеви на нашите најдобри фудбалери против Ерменија на 2 септември и Романија на 8 септември на националната арена – „Тодор Проески“ во Скопје. Влезниците по цена од 300 денари можат да се набават преку продажната мрежа на –„MKTickets“. Според протоколите за заштита од Ковид-19, на стадионот ќе може да влезат само лица кои имаат сертификат/потврда за извршена имунизација (вакцинација) од Ковид-19 односно примена најмалку прва доза, или лица кои поседуваат сертификат/потврда за прележан Ковид-19 во последните 45 дена, гледајќи од денот на оздравувањето. Тоа не се однесува на лица под 18 годишна…

Read More

Денеска од 12 часот, почнува продажбата на сезонски билети за натпреварите на РК Вардар1961 во Лигата на шампионите, СЕХА лигата и домашното првенство. Продажбата ќе трае до 14 септември а потоа доколку има слободни билети ќе има и индивидуална продажба за  секој поединечен меч од ЛШ и СЕХА лигата.Продажбата на билетите ќе се врши: Онлајн на www.kupikartizase.com и на сите продажни места на ККЗС низ Македонија.(https://www.kupikartizase.com/Home/SalesLocations). Цени на сезонските билети: Блокови 1, 2 и 9: Цена – 2.500 денари, Блокови 3, 4, 5, 6, 7, 8, 9, 11, 12, 13, 14 и 15: Цена – 3.000 денари и Блокови А2,…

Read More

Капитенот на Рома, Лоренцо Пелегрини, вели дека советите на тренерот, Жозе Мурињо, на полувремето на дуелот со  Салернитана, практично ги однеле фудбалерите до нова победа во Серија „А“. „Тој ни рече да го продолжиме интензитетот кој го имавме, да ја движиме топката брзо и да го бараме вистинскиот простор“ – вели Пелегрини по убедливата победа од 4-0. „Мурињо ни посочи да гледаме само од натпревар за натпревар и тоа го правиме. Никогаш нема да зборуваме за наредниот меч“ – потенцираше фудбалерот на „римската волчица“.

Read More

Резервниот голман на Отава, Филип Густавсон, потпиша нов двегодишен договор, објави клубот од Националната хокеарска лига на САД и Канада. Тој според новиот договор ќе заработи нешто повеќе од 1,5 милиони долари. Од нив во првата сезона ќе инаксира 750.000 долари а во втората – уште 825.000. 23-годишниот Швеѓанец во 2016 година беше избран од Отава како 55-ти на драфтот.

Read More

Новиот селектор на фудбалерите на Германија, Ханси Флик, потврди дека голманот на Баерн (Минхен), Мануел Нојер, ќе продолжи да ја носи капитенската лента кај „панцирите“. „Да, Ноер ќе остане капитен на Германија“ –  рече Флик непосредно пред собирот на репрезентативците за септемврските мечеви. „Нојер за мене е играч од светска класа и човек кој може да го води тимот“ –  изјави Флик кој ќе дебитира на клупата в четврток на мечот со Лихтенштајн во квалификациите за Мундијалот.  

Read More

Тренерот на ракометарите на Еурофарм Пелистер, Жељко Бабиќ, признава дека Мешков Брест сосема заслужено отиде на завршниот фајнал-фор во СЕХА лигата откако ги доби двата меча во 1 /4 финалната рунда. „Честитки за Мешков Брест. Мислам дека има голема разлика меѓу екипите од Лигата на шампионите и од Европската лига. Мотор е посилен од Татран, Веспрем е посилен од Нексе. Мешков Брест е посилен од нас и така натаму.“ – изјави Бабиќ. Битолчани денеска се враќаат од Белорусија и ќе се насочат кон завршните пдоготвки за новата сезона на повеќе фронтови.

Read More

Сензационалната победа на фудбалерите на Емполи на теренот на Јувентус го одбележа викенд-колото во италијанската Серија „А“. Тоа беше само трет триумф за Емполи против  „старата дама“ а прв по далечната 1999 година. Тренерот на победничкиот тим, Аурелио Андреацоли, не крие дека е воодушевен. „Тоа е ден за кој можеме да им раскажуваме на нашите внуци, победа која ќе се прераскажува со децении“, изјави Андреацоли.

Read More
NBA

Ветеранот во НБА лигата, Ражон Рондо, ќе го напушти Мемфис и ќе се активира во екипата на Лос Анџелес Лејкерс. Кошаркарот  ќе се врати во редовите на „езерџиите“ за кои настапуваше од 2018 до 2020 година кога го освои вториот шампионски прстен во кариерата. Рондо е петтиот играч кој направи кам-бек во градот на филмската и телевизиската индустрија . Пред него тоа го направија и Двајт Хауард, Кент Бејзмор, Вејн Елингтон и Тревор Ариза.

Read More

Фудбалерите на Манчестер Јунајтед вчера го совладаа Вулверхемптон со минимални 1-0 со што поставија рекорд во Премиер лигата. Тоа беше 28. натпревар во серија на гостински терен на кој Јунајтед остана непоразен. Тој податок ќе биде запишан во  историјата на англискиот фудбал бидејќи ниту еден тим нема таков ефект. Избраниците на Оле ГУнарс Солскјер последен пат загубија на 19 јануари во 2020 година од Ливерпул на „Енфилд“.

Read More

Фудбалерот, Никола Власиќ од ЦСКА Москва, најверојатно ќе се пресели во Вест Хем откако последната понуда на „чеканите“ за репрезентативецот  на Хрватска е 30 + 8 милиони евра. Наводно, Влашиќ се согласил за 5-годишен договор со плата од 4 милиони евра по сезона. 23-годишниот играч на 34 натпревари за московјаните во изминатата сезона постигна 12 гола и направи 6 асистенции додека во тековнава има 1 асистенција на 5 средби. Влашиќ претходно во сезоната 2017/18 играше во Англија во екипата на Евертон.

Read More