Тренерот на ракометарите на Еурофарм Пелистер, Жељко Бабиќ, признава дека Мешков Брест сосема заслужено отиде на завршниот фајнал-фор во СЕХА лигата откако ги доби двата меча во 1 /4 финалната рунда.
„Честитки за Мешков Брест. Мислам дека има голема разлика меѓу екипите од Лигата на шампионите и од Европската лига. Мотор е посилен од Татран, Веспрем е посилен од Нексе. Мешков Брест е посилен од нас и така натаму.“ – изјави Бабиќ.
Битолчани денеска се враќаат од Белорусија и ќе се насочат кон завршните пдоготвки за новата сезона на повеќе фронтови.