Ракометарите на Мешков Брест и Загреб денеска го реализираа официјалниот трениг пред утрешниот старт на завршниот Ф4 турнир во СЕХА лигата во Задар.
Таму требаше да биде и нашиот Вардар кој ги елиминираше токму Хрватите во 1 /4 финалната пресметка, но, откако е откриен случај со Ковид-19 кај „црвено-црните“, тие по службен пат се елиминирани од страна на СЕХА.
Утре мечот меѓу Белорусите и Загреб ќе стартува од 18.00 часот додека вториот дуел од полу-финалето меѓу Веспрем и Мотор З. ќе започне во 20.30 часот. Победниците од тие два меча в недела ќе се борат за првото место. За сите актуелности поврзани со завршницата на СЕХА лигата во Задар, слушајте на програмата на Спортско радио 90,3 ФМ.