Ракометарите на Загреб го совладаа Мешков Брест по изведувањето на пеналите со 38 спрема 37 и изненадувачки влегоа во големото финале во СЕХА лигата. Тренерот на Загреб, Ивица Обрван, не го крие задоволството.
„Мислам дека имаше добар меч од страна на двата тима. Полувремето беше изедначено. Вториот дел го отворивме добро, но поради недостиг на ротација Брест не стигна. Решија пеналите кои се секогаш рулет“ – вели Обрван.
„Што се однесува до пеналите, среќата беше на наша страна. Сепак, мислам дека со нашата борба и желба во сите 60-ет минути ја заслуживме победата“ –изјави голманот на Загреб, Дино Славиќ.