Унгарскиот состав Веспрем кој го победи ППД Загреб по изведувањето на пенали на „Ф4“ турнирот во Задар и ја освои СЕХА лигата, сосема очекувано има најмногу претставници во така наречениот – „Ол-стар“ состав.
Голман: Владимир Цупара (Веспрем)
Лев бек: Филип Вистороп (ППД Загреб)
Среден бек: Петар Ненадиќ (Веспрем)
Десен бек: Јахја Омар (Веспрем)
Лево крило: Давид Мандиќ (ППД Загреб)
Десно крило: Микита Ваилупау (Мешков Брест)
Кружен напаѓач: Вјачаслав Бокан (Мотор)
Ќе потсетиме дека Вардар требаше да биде дел од завршниот турнир, но, поради позитивен случај на Ковид-19, СЕХА донесе одлука да го елиминира по службен пат.

