Возачот на Алфа Ромео, Кими Раиконен, кој се наоѓа во изолација ќе мора да ја прескокне и трката за Големата награда на Италија.
Финецот се зарази со Ковид-19 по собирот во Холандија и веднаш беше повлечен од патеките. Неговото место во болидот повторно ќе го заземе Роберт Кубица.
„Потврдуваме дека резервниот возач Роберт Кубица ќе го замени Кими Раиконен на трката за Големата награда на Италија. Кими ја пропушти претходната трка поради позитивен тест за корона вирусот и сè уште не може да се врати. „Според барањата на здравствените власти, тој е сè уште во карантин “ – се наведува во соопштението на Алфа Ромео.