Еурофарм Пелистер 2 официјално ги претстави последните две засилување пред стартот на новата сезона. Станува збор Емилијан Ѓоргоски и Димитар Димитриоски.
Првиот доаѓа од Голден Арт додека Димитриоски е поранешен играч на Вардар и Металург. Тие ќе дебитираат денеска од 17.00 часот на мечот со Еурофарм Пелистер во првото коло од новата Супер-лига.
Покрај средбата во Битола на отворањето на сезоната ќе играат и: (18:00) Вардар-Скопје, (18.30) Охрид-Тиквеш, (18:30) Радовиш-Струга, (19:00) Бутел –Прилеп. Натпреварот Металург – Пролет е одложен откако десет члена на Пролет се во изолација.