Даниел Рикардо со болидот на Мекларен победи на денешната трка во Ф1 возена за Големата Награда на Италија.
Неговиот клупски колега, Ландо Норис заврши втор додека трет низ целта помина Валтери Ботас од Мерцедес. Трката на патеката во Монца ја одбележа инцидентот во кој учествуваа Макс Верстапен и Луис Хамилтон, кои мораа да се откажат и останаа без бодови.
Во топ 10 завршија и Леклер, Перез, Саинц, Строл, Алонсо, Расел и Окон. На табелата, води Верстапен со 226 бодови пред Хамилтон со 221. Наредната трка ќе биде на 26 септември во Сочи за ГН на Русија.