Поранешниот извршен директор на фудбалскиот состав Баер (Леверкузен), Волфганг Холцер, останува на идејата дека треба да се воведе разигрување во Бундес-конкуренцијата за да се направи шампионатот да биде поинтересен. „Мислам дека е добра идеја првите четири екипи по регуларниот дел да одиграат мини-турнир. Првиот против четвртиот а вториот против третиот. Победниците ќе играат за шампионскиот пехар а поразените за третото место“ – вели Холцер. „Таков формат ќе донесе финансиски придобивки.Секој ќе има корист бидејќи ќе се појават нови можности за маркетинг. Тоа ќе биде магнет и за фановите“ – рече Холцер.
Author: dino
Младиот фудбалер, Марко Асенсио, побарал состанок со челниците на Реал Мадрид за да се дефинира неговата улога во тимот под диригентската палка на новиот тренер, Карло Анчелоти. Младиот Шпанец во тековнава сезона не ја добива посакуваната шанса за докажување бидејќи одигра само 95 минути на вкупно 5 средби. Тој досега не успеа да постигне погодок или да асистира. Во исто време, весникот „Марка “ пишува, дека првите луѓе на „кралевите“ сакаат да му го продолжат договорот на Асенсио кој му истекува за две години.
Фудбалерот на Баерн Минхен, Роберт Левандовски, денеска ја доби наградата – „Златната копачка“, која му се доделува на најдобриот стрелец во една сезона. Репрезентативецот на Полска во претходната постигна 41 гол во Бундес-лигата, со што го надмина долгогодишниот рекорд на славниот, Герд Милер. Церемонијата на доделување на наградата се одржа во клупскиот музеј на Баварците на стадионот – „Алијанц Арена“. Ќе потсетиме дека корпулентниот напаѓач во изминатата година ја доби и наградата на ФИФА за најдобар фудбалер на светов.
Заради подобра организација на целиот настан организаторите на Виз Ер Скопски Маратон направија промени во трката на 5км која беше планирана за 2-ри октомври, истата да се одржи на 3-ти октомври, заедно со другите трки, маратон, полумаратон и штафетниот маратон – ЕУ за спорт. Виз Ер Скопски Маратон 2021, традиционално со четирите трки, како и секоја година, така и оваа, ќе се одржи в недела. Стартот и целта на трката ќе бидат на платото пред главниот влез на Спортски центар Борис Трајковски, со што маратонот, полумаратонот и штафетниот маратон – ЕУ за спорт ќе започнат во 8:00 часот, а трката…
Светскиот рекордер во скијачки скокови, Грегор Шлиренцауер, ја заврши професионалната кариера. 31-годишниот Австриец има 53 победи на Светското првенство кое го освои двапати.Тој, исто така, има тимско олимписко злато од Ванкувер 2010. „Последниве неколку месеци беа предизвик за мене, но, од позитивна гледна точка. Повредата ми овозможи да ги гледам животот и кариера од страна. Донесов лесна одлука да се пензионирам откако бев успешен спортист “ – напиша тој на неговата официјална веб -страница.
Младиот фудбалер на Арсенал, Букајо Сака, може да ја промени клупската средина најавуваат денеска медиумите во Англија. Наводно, шпанскиот Атлетико Мадрид и италијанскиот Јувентус покажуваат дека се заинтересирани за 20-годишниот англиски репрезентативец. Според наведеното, англискиот тим е подготвен да се раздели со играчот за најмалку 50 милиони евра. Сака кој потекнува од школата на „ топчиите“, во сезонава има реализирано 6 натпревари во сите конкуренции и постигнато еден гол.
Ливерпул треба да се обиде да го врати Рахим Стирлинг од Манчестер Сити, тврди Рио Фердинанд, поранешниот фудбалер на Манчестер Јунајтед и актуелен аналитичар во британските медиуми. Стерлинг беше меѓу играчите поврзани со напуштање на „Етихад“ , но, на крајот остана кај „граѓаните“. Бидејќи фудбалерот од средниот ред нема статус на стартер, Фердинанд проценува дека Ливерпул треба да ја искористи ситуацијата и да го врати. „Долги години тој беше стандарден, но, сега е резерва. Не разбирам што се случи. Да бев во Ливерпул, веднаш ќе го ангажирав“ – вели поранешниот дефанзивец.
Претседателот на фудбалската федерација, Муамед Сејдини, заедно со градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов, луѓето од Општина Чаир и видни политичари, денеска ја пуштија во употреба новата трибина на стадионот во Чаир. Таа беше изградена со средства на ФФМ преку УЕФА Хет-трик програмата и со поддршка од општината Чаир. Свечениот чин беше пред мечот меѓу Шкупи и Борец кој му припадна на домаќинот со сигурни 3 спрема 0.
Поранешниот возач во Формула 1, Ралф Шумахер, не крие дека е изненаден од фактот дека Себастијан Фетел ќе остане на патеките во 2022 година. „Навистина мислев дека ќе се откаже. Во Зандворт, беше многу лошо расположен и навистина мислев дека е подготвен да се откаже бидејќи сака да поминува повеќе време со семејството“ – вели Ралф. „Таа ситуација ми е позната, кога повеќе не се забавувате, патувате а вашето семејство е дома, вие сте сами на патеката и си поставувате разни прашања “ – изјави Ралф Шумахер.
Јулијан Нагелсман вели дека фудбалерите треба да носат микрофони за да может постојано да комунисираат со тренерите додека трае мечот. Тој како пример ја посочи НФЛ конкуренцијата. „Фудбалот е исклучително традиционална игра додека американскиот фудбал е неверојатно напреднат. Квотербек може да добие совет на теренот од тренерот. Играчите треба да носат микрофони за да можат да разговараат со тренерот”, рече Нагелсман. „Бидејќи нема прекини на мечевите, тренерите може да даваат совети само на полувремето. Публиката прави голема бучава на стадионот“ – вели тренерот на Баерн Минхен.
