Поранешниот возач во Формула 1, Ралф Шумахер, не крие дека е изненаден од фактот дека Себастијан Фетел ќе остане на патеките во 2022 година.
„Навистина мислев дека ќе се откаже. Во Зандворт, беше многу лошо расположен и навистина мислев дека е подготвен да се откаже бидејќи сака да поминува повеќе време со семејството“ – вели Ралф.
„Таа ситуација ми е позната, кога повеќе не се забавувате, патувате а вашето семејство е дома, вие сте сами на патеката и си поставувате разни прашања “ – изјави Ралф Шумахер.