Првиот човек на Астон Мартин, Лоренс Строл, очекува четирикратниот светски шампион Себастијан Фетел да остане во неговата екипа и во наредната сезона во Формула 1 шампионатот.
„Решени сме да продолжиме со него и во наредната сезона. Можеби соработката ќе трае и подолг период“ -искоментира канадскиот милијардер.
Ќе потсетиме дека 34-годишниот Германец пред стартот на сезоната го напушти Ферари и седна во болидот Астон Мартин. Тој по 14 трки го зазема 12 -то место во генералниот пласман кај возачите.