Кошаркарите на МЗТ Скопје го освоија Супер-купот кој го носи името – „Драган Василов Цевка“ откако во интересен го совладаа составот на Работнички со 79 спрема 78.
Во победничкиот состав најпрецизен беше Мекиќ со 27 поени додека Дамјан Стојановски реализираше 16-ет. Кај составот од Градски парк се издвоија Мустафица со 24 и Емерсон со 23 кошеви.
Кај кошаркарките во Супер-купот, екипата на Бадел го совлада Баскет Кам со 88 спрема 72.