Седумкратниот светски шампион во Формула 1, Луис Хамилтон, изјави дека неговиот главен ривал за титулата во тековнава сезона, Макс Верстапен од тимот на Ред Бул, е под голем притисок. Според Луис, Холанѓанецот е во позиција за првпат во кариерата да биде конкурентен за пехарот.
„Се сеќавам како ми беше кога првпат влегов во таква битка. Беше тешко, бараше многу интензитет, доживеав многу различни емоции“ – вели Хамилтон.
„Знам дека има големи очекувања и голема напнатост бидејќи желбата за победа е огромна. Го разбирам “ – рече 36-годишниот Британец. Пред неделната трка во Русија, Верстапен води со 5 бодови пред Хамилтон.