Поранешниот освојувач на „Златната топка“, Лео Меси, откри за кого може да гласа откако „Франс Фудбал“ ја објави конечната листа од 30-ет кандидати за годинешнава награда. „На листата имам двајца соиграчи за кои можам да гласам, Нејмар и Килијан. Тука се Левандовски и Бензема кои имаа фантастична сезона. Тешко е да се прогнозира бидејќи тимскиот успех е многу значаен за освојувањето на -„Златната топка““ – изјави големата ѕвезда на францускиот, ПСЖ. Свечената церемонија на која ќе биде прогласен добитникот ќе се реализира на 29 ноември.
Author: dino
Селекторот на фудбалерите на Шпанија, Луис Енрике, не крие дека е крајно оптимистички расположен пред денешното финале во Лигата на нации против Франција кое ќе биде одиграно во вечерниот термин на „Сан Сиро“ во Милано. „Франција има одлични играчи кои доаѓаат од најдобрите клубови. Имат одличен напад кој може да постигне многу голови“ – вели Енрике. „Игравме и победивме против европскиот шампион, можеме да одиграме добро и против светските шампиони“ – вели селекторот на „црвената фурија“ која извесен период нема освоено трофеј.
Триесет и три годишниот боксер,Тајсон Фјури и во вториот дуел успеа да го совлада Дионтеј Вајлдер и да ја одбрани титулата светски шампион во тешка категорија во верзијата на „WBC“. Тој победи со нокаут во 11-та рунда што значеше 31-ва победа во 32 меч во професионалната кариера. Фјури веднаш најави атак на обединувањето на титулите за да биде првиот апсолутен шампион во тешка категорија во 21-от век. Ирецот сега ќе го чека мечот меѓу Александар Усик и Ентони Џошуа за да го дознае името на неговиот нареден противник.
Фудбалската репрезентација на Португалија вчера во пријателски меч го совлада Катар со 3:0 а капитенот на „европските бразилци“, Кристијано Роналдо, собори два рекорда. Ѕвездата на Манчестер Jунајтед постигна гол и на полувреме го напушти теренот. Тоа беше негов 112. гол со што постави нов рекорд. Сега има два гола предност пред Али Даеи од Иран. Веднаш зад нив е поранешниот унгарски репрезентативец, Ференц Пушкаш . Воедно, првата ѕвезда на Португалците има 181 натпревар со ефект од 112 гола против 46 различни селекции.
Фудбалската репрезентација на Германија ќе допатува во Скопје без првиот голман Мануекл Нојер кој не се појави ниту на денешниот тренинг на „панцирите“. Чуварот на мрежата на Баерн Минхен е во процес на рехабилитација а селекторот, Ханси Флик, како негова замена го повика Даниел Хојер од второлигашот Хамбургер. Бидејќи Марк Андре Тер Штеген бранеше на мечот против Романија, сосема е реално да биде и стартер против Македонија. Тоа значи дека Бернд Лено од Арсенал ќе остане на клупата. Пред осмата рунда во квалификациите за Мундуијалот, Германија има 18 бодови пред Македонија и Ерменија со 12.
Актуелниот светски првак во Формула 1, Луис Хамилтон со болидот Мерцедес, победи во денешните квалификации возени на патеката во Истанбул, но, поради казната за користење на новиот моторот, трката ќе ја започне од 11-то место. Неговиот тимски колега Валтери Ботас кој имаше втор резултат во квалификациите ќе ја има пол-позицијата а зад него во првиот ред ќе биде Макс Верстапен од Ред Бул. Од вториот стартен ред ќе започнат Леклер и Гасли, од тимовите на Ферари и Алфа Таур. Во Генералниот пласман по 15-ет трки води Луис Хамилтон (Мерцедес) со 246,5 бодови или само два повеќе од Макс Верстапен (Ред…
Големата фудбалска ѕвезда на ПСЖ, Лионел Меси е убеден дека го направил вистинскиот избор кога се определил да ја продолжи кариерата во Франција. Аргентинецот по речиси дваесет години го напушти стадионот – „Камп Ноу“ и како слободен агент се пресели на -„Паркот на принцовите“. Меси во интервјуто за „Франс Фудбал“, потенцираше, дека верува во проектот што му го претставил неговиот нов тим. „Не згрешив што се преселив во ПСЖ“ – вели Меси.
Тоа што вчера го најавија медиумите во Шпанија најверојатно ќе се реализира кога станува збор за трансферот на младиот фудбалер на Реал Мадрид, Иско. За него се заинтересирани неколку екипи а пред се Милан. Тоа значи дека челниците на „росонерите“ ќе можат во текот на зимскиот трансфер период да испратат понуда бидејќи Иско има договор до јуни 2022. Тимот од „Сантијаго Бернабе“ нема друг избор и ќе мора да го продаде во јануари за да заработи околу 18 милиони евра.
Фудбалерот на Манчестер Јунајтед, Пол Погба, по вчерашниот полу-финален меч со Белгија оодигран во Лигата на нации, се осврна на шпекулациите кои го поврзуваат со Јувентус. „ Го сакам Торино, зборувам со моите поранешни соиграчи од Јуве, на пример со Дибала“ – вели црномурестиот фудбалер на „Галските петли“. „Имам договр со Манчестер Јунајтед до јуни во 2022 година а потоа ќе видиме што ќе се случи“ – изјави Погба кој преговара со челниците на „црвените ѓаволи“ за продолжување на соработката.
Менаџерот на Њукасл, Стив Брус, претпоставува дека може да ја загуби работата откако се појавија нови сопственици на клубот кој доаѓаат од Саудиска Арабија. „Би сакал да останам на функцијата, да им покажам на новите сопственици што можам да направам, но ,треба да бидеме реални. Веројатно ќе сакаат да започнат со нов менаџер“ – вели Брус. „Нови сопственици вообичаено сакаат нов тренер, долго сум во фудбалот и го знам тоа“ – изјавил Брус.
