Актуелниот светски првак во Формула 1, Луис Хамилтон со болидот Мерцедес, победи во денешните квалификации возени на патеката во Истанбул, но, поради казната за користење на новиот моторот, трката ќе ја започне од 11-то место.
Неговиот тимски колега Валтери Ботас кој имаше втор резултат во квалификациите ќе ја има пол-позицијата а зад него во првиот ред ќе биде Макс Верстапен од Ред Бул. Од вториот стартен ред ќе започнат Леклер и Гасли, од тимовите на Ферари и Алфа Таур.
Во Генералниот пласман по 15-ет трки води Луис Хамилтон (Мерцедес) со 246,5 бодови или само два повеќе од Макс Верстапен (Ред Бул)