Унијата на кошаркари и челниците на НБА постигнаа договор дека секој кошаркар кој ќе пропушти натпревар бидејќи не е примил вакцина, нема да биде платен за тој меч.
Според проценките, повеќе од 90 проценти од играчите се вакцинирани додека помал број не сакаат даго направат тоа. Колку одлуката ќе удри по кошаркарите, наведен е примерот на Кајри Ирвинг.
Тој за секој пропуштен натпревар на Бруклин ќе остане без 380.000 а доколку не игра во поголемиот дел од годината ќе загуби речиси 15 милиони долари.