Тренерот на ракометарите на Вардар, Веселин Вујовиќ, проговори за можноста Игор Карачиќ да се врати во Скопје. Хрватот кој беше дел од сите историски успеси на „црвено-црните“, во 2019 година замина во Кјелце.
„Не само Игор, туку многу од нив. Во моментите кога се освојуваа европските титули, кога тренери беа Раул и Парондо а играа Душебаев, Циндриќ, Криштопанс и така натаму, би сакал сите да ги видам во Вардар“ – вели Вујовиќ.
„Меѓутоа невозможно е да ги вратиме и да создадеме таква екипа. Ако успееме да го вратиме Карачиќ, тоа би било неверојатно . Сепак, тоа не е реална опција, -истакна популарниот Вујо за -„Бекстејџ“.