Дефанзивецот на Барселона, Жерард Пике, пред утрешното големо дерби со Реал Мадрид, вели дека напаѓачот на „кралевите“, Карим Бензема, се препородил по заминувањето на Роналдо. „Тој остави дупка а Бензема одлично ја пополни. Игра навистина фантастично и заслужено се врати во репрезентацијата“ – истакна Пике и се насочи кон утрешниот меч. „Победа ќе ни донесе голема самодоверба. Фокусирани сме на нашата игра, мораме да бидеме поефикасни“ – изјави фудбалерот на Барселона.
Author: dino
„Доколку се зависи од мене, би бил среќен последниот натпревар во кариерата да го одиграм тука на „Енфилд“ – изјави напаѓачот на Ливерпул, Мохамед Салах, кој треба да преговара со раководството за продолжување на соработката. Наводно, фудбалерот и неговиот агент побарале неделна плата од 400.000 евра. Преговорите ќе продолжат околу Нова година. Интернационалецот од Египед на 11 сезонски натпревари постигна 12 гола и направи четири асистенции,
Поранешниот голман на Манчестер Јунајтед, Питер Шмајхел, застана во одбрана на Оле Гунар Солскјер кој има променливи партии со „црвените ѓаволи“. Медиумите најавија дека негов можен наследник ќе биде Антонио Конте. „Може да речете дека Конте е брилијантен иако не останува во клубовите повеќе од две до три години. Тоа го пробавме и не функционираше“ – нагласува Шмајхел. „Луи ван Гал не ја освои Премиер лигата, Мурињо не го стори тоа. Со Конте или друг тренер нема да има никаква разлика“ – изјави Шмајхел.
Фудбалската федерација на Македонија во соработка со УЕФА организираше судиски тренинг камп на кој предавач и инструктор беше главниот кондициски тренер и тренинг експерт за елитни фудбалски судии во УЕФА, професорот Вернер Хелсен. Нашата „Куќа на фудбалот“, тренинг кампот за нашите судии го организираше според највисоките УЕФА стандарди. На тродневниот семинар беа опфатени најновите медоти и технологии за тренинг. Македонските судии имаа можност одблизу да се запознаат со методите на работа кои ги користи и применува УЕФА во подготовката на судиите за елитната Лига на шампиони, Европските и Светските првенства. Позитивна оцена за постигнатото на тренинг кампот даде и врвниот…
Македонската фудбалска репрезентација остана на 74-то место на новата ранг листа на ФИФА. Избраниците на Благоја Милевски во месецов одиграа два меча и тоа победија во Вадуц против Лихтенштајн со 4:0 а потоа со истиот резултат беа совладани во Скопје од фаворитот Германија. Во топ 10 нема промени, лидер е Белгија пред Бразил и Франција. Натаму се наредени Италија, Англија, Аргентина, Шпанија, Португалија, Мексико и Данска.
Македонската женска фудбалска репрезентација предводена од селекторот, Кирил Изов, денеска ќе ги продолжи квалификациите за пласман на Светското првенство што ќе се одигра во Австралија и Нов Зеланд во 2023 година. Нашата селекција попладне од 17.00 часот ќе гостува кај Летонија во Рига. Веднаш потоа на 26. октомври на домашен терен во Охрид ќе ја пречекаме репрезентацијата на Луксембург. Во нашата група „Д“ се уште и Англија, Австрија и Северна Ирска.
Барселона на големото фудбалско дерби против Реал Мадрид закажано за в недела на „Камп Ноу“ , ќе биде без Педри и Арухо кои се соочуваат со повреди. Младиот перспективен напаѓач паузира подолг период додека Арухо кој има значајна улога во одбраната би требало да се врати во тренинг процес по една недела. Големото „Ел Класико“ ќе биде реализирано в недела во попладневниот термин од 16:15 часот.
Тренерот на фудбалерите на Манчестер Јунајтед, Оле Гунар Солскјер, вели дека бил сигурен во победата против Аталанта иако италијанскиот тим имаше предност од два гола по првото полувреме. „Тие имаа две шанси и дадоа два гола. Мора да престанеме да играме на таков начин и да примаме лесни голови“ – вели Норвежанецот. „На полувреме им реков на фудбалерите да се обидат да го постигнат првиот гол веднаш по паузата затоа што сум сигурен дека подоцна ќе го добиеме натпреварот“ – изјавил Солскјер по триумфот со 3:2 во 3-то коло во Лигата на шампионите.
Барселона потврди дека 18-годишниот фудбалер, Ансу Фати, потпишал нов шестгодишен договор веднаш по завршувањето на вчерашниот меч со Динамо Киев одигран во Лигата на шампионите. Откупната клаузула изнесува дури милијарда евра со што Фати е вториот млад фудбалер по Педри (18) кој потпиша нов договор и доби откупна клаузула од милијарда евра. Барселона со освоените бодови на мечот со Украинците останува во трката за првите две место во групата во Лигата на шампионите.
Напаѓачите на Челзи, Ромелу Лукаку и Тимо Вернер, принудно беа заменети поради повреда на вчерашниот меч со Малме одигран во рамките на 3 коло во Лигата на шампионите. Веднаш по натпреварот на „Стемфорд Бриџ“ кој им припадна на домаќините со убедливи 4 спрема 0, тренерот на „сините“, Томас Тухел, ја објаснил ситуацијата со Белгиецот и Германецот. „Лукаку има проблем со зглобот додека Вернер има истегнување на мускулот. Двајцата ќе паузираат исвесен период, ќе мора да најдеме решение за проблемот“ – изјавил Тухел.
