Тренерот на ракометарите на Еурофарм Пелистер. Жељко Бабиќ, најавува голема битка на утрешното гостување кај Кадетен во 2 коло во Лигата на Европа.
Битолчани сезоната ја започнаа со пораз на домашен терен од францускиот Ним, што значи дека допрва ги очекуваат првите бодови. Искусниот тренер нагласи дека Кадетен е тим кој има голема традиција во Европа и дека игра одлично во централниот одбранбен дел.
„Одиме по победа во Швајцарија. Нема што да се менува многу во тимот. Јосип Периќ ќе почне од првата минута откако ја санираше повредата. Бидејќи ја сакаме победата мора да бидеме и далеку попрецизни во нападот“ – изјави Жељко Бабиќ.