Ракометарите на Еурофарм Пелистер денеска ќе гостуваат кај Кадетен Шафхаузен во меч од второто коло од ЕХФ лигата. Средбата во „Би-Би-Си Арена“ ќе започна во 18.45 часот.
Битолчани по стартниот пораз од францускиот Ним , сега се мотивирани за освојување на првите бодови и тоа против екипа која е составена главно од интернационалци и неколку репрезентативци на Швајцарија.
Мечот меѓу Кадетен Шафхаузен и Еурофарм Пелистер ќе го судат Германките, Маике Мерц и Тања Кутлер.

