Тренерот на фудбалерите на Борусија Дортмунд, Марко Роуз, се надева дека главниот голгетер, Ерлинг Халанд, ќе се врати на терените до крајот на годинава. Норвежанецот кој има 10 натпревари во сите конкуренции и постигнато 13 голови, има потешка повреда на бутот на ногата а неговито татко, неодамна изјави, дека би било вистинско чудо доколку Халанд заигра пред Божиќ. „Милионерите“ в сабота ќе го пречекаат Штутгарт во натпревар од 12. коло во Бундес лигата. Тимот од Дортмунд е втор во поредокот во Германија со 4 бодови помалку од лидерот Баерн Минхен. Штутгарт ја зазема 15-та позиција.
Author: dino
Чави Ернандес утре на мечот со Еспањол кој ќе биде одигран на стадионот – „Камп Ноу“, ќе дебитира на клупата на Барселона. „Морам да им ги пренесам моите идеи на фудбалерите. Ни претстои дерби. Тоа е посебен натпревар. Ние сме Барса и мора да бидеме обединети. Целта е да се победи“ – вели новито стратег на Каталонците. „Мемфис е многу значаен за нас. Тој може да направи разлика. Може да игра како 9-ка. или како крилен напаѓач“ – потенцираше Чави со напомена дека и Филипе Кутињо ќе добие доволно можности да ги покаже квалитетите.
Хајет, која му е сопруга на поранешниот фудбалер и спортски директор на Барселона Ерик Абидал, ќе поднесе барање за развод откако дознала дека името на нејзиниот сопруг е вмешано во аферата – „Амрауи“. Познато е дека фудбалерката на Пари Сен Жермен, Кира Амрауи, беше нападната и претепана од маскирани лица. Нејзината соиграчка од ПСЖ, Амината Диало, беше осомничена и беше приведена, но, подоцна е ослободена без обвинение. Адвокатот на Хајет Абидал, објави куса изјава во која ја објаснува одлуката – Принудена од околностите и крајно незадоволна од аферата Амрауи, Хајет Абидал ќе поднесе барање за развод“ – се вели во…
Последните сезонски мечеви во тенискиот Дејвис Куп во Инсбрук, Австрија, ќе започнат в понеделник според програмата и покрај пандемијата со Ковид-19, соопштија во текот на денов организаторите. Инсбрук е еден од трите града домаќини покрај Мадрид (Шпанија) и Торино (Италија). „Организаторите во Австрија се состануваат со локалните власти за да дознаат како рестриктивните мерки ќе влијаат на одржувањето на турнирот“ – се вели во соопштението. Инсбрук ќе биде домаќин на натпреварите од групата Ц и Ф во Дејвис купот. Австрија е првата земја во западна Европа која повторно воведе строги рестриктивни мерки поради пандемијата на корона-вирусот.
Менаџерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола, вели дека Премиер-лигата секоја година добива на квалитет и дека трката за шампионскиот пехар станува се потешка. Тој се надева дека „граѓаните“ ќе се борат за титулата до крајот од сезоната. „Не би рекол дека трката за титулата беше лесна во претходните години, но, секоја сезона изгледа потешка. Генерално, играме добро иако загубивме бодови на домашен терен. Има два месеци во кои ќе бидеме заедно и се надевам дека ќе постигнеме добри резултати“ – вели Шпанецот. „Мораме да бидеме блиску до врвот во Премиер лигата за да се бориме за титулата. Загрижен сум бидејќи…
Тренерот на фудбалерите на Ливерпул, Јирген Клоп, пред утрешниот меч со Арсенал во дербито на Премиер-лигата, вели дека треба да се одигра претпазливо бидејќи двата тима се во добра форма. „Не остваривме добри резултати во изминативе неколку недели. Затоа и сме во сегашнава ситуација. Загубивме од Вест Хем иако и да дојдевме до бод тоа немаше да има големо значење“ – потенцира Германецот. „Знаеме дека мора да играме подобро. Арсенал е солиден тим, но, ние ќе играме дома и тоа има големо значење“ – изјави тренерот на „црвените“.
Македонската фудбалска репрезентација со врзаните победи против Ерменија и Исланд во квалификациите за Мундијалот, успеа да напредува седум позиции на новата ранг листа на ФИФА. Македонските репрезентативци во моментов се наоѓаат на 67. место на ФИФА-листата, што е подобар пласман за седум позиции. Ние сега имаме 1367,23 поени. Светската куќа на фудбалот листата ќе ја потврди на на 25 ноември или на ден пред формирањето на бараж турнирите. Македонија ќе биде во групата на неносители.
Фудбалерот на Верона, Џовани Симеоне, може да добие понуда да се пресели во Англија или во Шпанија, најавија денеска медиумите во Италија. Наводно за синот на прославениот играч и тренер, Диего Симеоне, е заинтересиран составот на Њукасл. Новите богати сопственици на англискиот состав сакаат во јануари да обезбедат квалитетни имиња кои треба да помогнат да се избори опстанок во Премиер-лигата. 26-годишниот Симеоне е на второто место на листата на најдобрите стрелци во Серија А со 9 голови на 11 натпревари.
Потпретседателот на фудбалскиот состав Јувентус, Павел Недвед, изјави дека клубот се обидувал да се подмлади во последните години. Промените во играчкиот кадар започнаа во времето на Маурицио Сари. „Се обидовме со вистинска комбинација на искусни играчи како Буфон, Кјелини и Бонучи и млади играчи како Киеза и Де Лихт да бидеме подобри. Се обидовме да го балансираме минатото и иднината на клубот со цел да бидеме конкурентни во Италија и Европа“ – изјави Недвед. Сепак, очекувањата не се реализираат бидејќи „старата дама“ се наоѓа дури на осмото место на табелата во Серија А. Тимот од Торино има 14 бода помалку…
Норвич Сити има сили да обезбеди опстанок иако стартот на сезоната не беше воопшто добар, изјави новиот менаџер, Дин Смит. Поранешниот тренер на Астон Вила го наследи Даниел Фарке, кој беше отпуштен по првата победа на „канаринците“. Норвич со 26 примени голови ја има најслабата одбрана во Англија и се наоѓа на последното место со пет бода од 11 средби. „Мораме да престанеме да примаме многу голови. Не можеме да дозволиме да не победуваат така лесно.Мислам дека овој тим има квалитети да го направи тоа“ – рече Смит на прес-конференцијата
