Луис Хамилтон кој победи на вчерашната трка во Формула 1 возена за Големата награда на Сао Паоло, заработи казна од 5000 евра затоа што го откопчал појасот во болидот додека ја прославувал победата.
Бидејќи тоа е строго забрането со меѓународните безбедносни прописи на „FIA“, стјуардите на патеката –„Интерлагос“ откако заврши церемонијата на доделување на наградите, имале кратка средба со Британецот и му ја соопштиле казната.
Хамилтон со трумфот во Бразил ја намали предноста на Макс Верстапен во битката за титулата. Разликата меѓу нив е 14 бодови на три трки до крајот на шампионатот. Возбудувањата во Ф1 ќе продолжат наредниот викенд со историскиот прв собир на патеката во Катар.