Поранешниот двократен шампион на УФЦ, Конор Мек Грегор, најави дека ќе се бори за титулата во лесна категорија.
Ирецот кој загуби од Дастин Пориер со технички нокаут, најави преку социјалните мрежи дека е подготвен за нова битка. Пориер во декември ќе се бори за титулата во лесна категорија со Чарлс Оливеира. Доколку победи, тогаш сосема е можно да дојде и нова пресметка со Мек Грегор.
„Ќе се борам против носителот на титулата во лесна категорија“ – напиша Конор Мек Грегор.

