Актуелниот олимписки и европски шампион во сала и на отворено во скок со стап, Арманд Дуплантис, ќе се натпреварува пред домашните навивачи во Шведска. Тој на 9 февруари ќе учествува на специјалниот турнир во Упсала. Тоа ќе му биде прво појавување пред домашната публика од 2018 година.
„Многу сум среќен што мојот клуб ќе го организира целиот настан. Многу ми значи што ќе се натпреварувам на домашна сцена со најдобрите“ – вели Дуплантис.
„Тое е салата во која поминав многу часови на тренинг. Ќе биде лудо и забавно, се надевам дека ќе скокнам високо“ – вели атлетичарот од Шведска.