Тимот на Ред Бул во Формула 1 ги демантираше гласините дека Макс Верстапен ќе добие нов мотор со внатрешно согорување за претстојната трка во Саудиска Арабија.
„Во моментов не планираме нов мотор за Саудиска Арабија. Ако ни треба, тоа ќе се случи во Абу Даби“ – изјави советникот на Булс, д-р Хелмут Марко. Гласините започнаа откако Мерцедес објави дека Луис Хамилтон ќе го има моторот со кој дебитираше во Бразил.
Во исто време, Верстапен искористи само четири мотори од почетокот на годинава. Последниот беше на собирот во Русија.