Пивотменот на ракометниот состав Еурофарм Пелистер, Елмир Граџан, очекува добар резултат на утрешното гостување кај Спортинг во новото коло во групната фаза во ЕХФ Лигата на Европа.
„Победивме против Аек и Татабања а освоивме и голем бод против Шафхаузен иако бевме во негатива. Како и досега на сите средби, така и против Спортинг ќе одиме на победа. Тоа е добра екипа која брзо ја движи топката. Имаат слична одбрана на нашата. Верувам дека со добра подготовка можеме да ја пробиеме“ – потенцираше Граџан.
Мечот во Португалија ќе го судат Словаците, Михал Бадура и Јарослав Ондогречула. Делегат ќе биде Константин Дин од Романија.