Олимпискиот шампион во супер-велеслалом од Сочи 2014, Норвежанецот , Кјетил Јансруд, може да ги пропушти Зимските игри во Пекинг од 4 до 20 февруари откако се здоби со повреда на коленото на патеката Бивер Крик (САД).
Норвешката скијачка федерација соопшти дека 36-годишниот Јансруд ги повредил вкрстените лигаменти. Репрезентативниот лекар, Марк Штраус, рече дека е премногу рано да се каже дали ќе биде неопходна операција или колку долго Јансруд ќе биде надвор од патеката.
Тој ќе се врати дома в понеделник. Потоа во Осло ќе има дополнителни прегледи на коленото.