Центарот на хокејарскиот состав Њу Џерси, Џек Хјуз, потпиша нов осумгодишен договор за вкупно 64 милиони долари.
20-годишниот напаѓач кој ја одработува последната сезона од тригодишниот договор, се определи да остане во клубот. Тој во тековнава сезона има 2 гола и 1 асистенција на три натпревари. Претходно, Хјуз мораше да пропушти 17 мечеви поради повреда на рамото.
Младиот играч кој беше избран за број 1 на драфтот во 2019 година, има 20 гола и 35 асистенции на 119 натпревари во кариерата во Националната хокеарска лига.

