Тренерот на Еурофарм Пелистер, Жељко Бабиќ, пред утрешниот меч со Спортинг во Лигата на ЕХФ вели дека неговите ракометари и во Лисабон одиграле фантастичен натпревар. Битолчани утре ќе бидат домаќини во салата –„Боро Чурлевски“.
„ Иако го имавме последниот напад и можевме да победиме и тие имаа офанзивен фаул во нивниот претходен обид. Во секој случај, играчите покажаа страшен карактер и фантастично го презентираа клубот, државата и себе си“ – вели Бабиќ.
„Сите знаеме дека е тешко да се освојуваат бодови на гостински терен и знаеме колку е добар Спортинг. Што се однесува до вториот натпревар, нè очекува голема борба. Јас дури би рекол една ментална битка, мора да бидеме целосно фокусирани и подготвени да го чекаме нашиот момент“ – изјави тренерот на Еурофарм Пелистер.