Денеска на патеката во Саудиска Арабија ќе биде возена претпоследната трка од шампионатот во Формула 1. Битката за титулата на патеката во Џеда ќе ја продолжат Холанѓанецот, Макс Верстапен и Луис Хамилтон.
Британецот ќе започне од пол-позицијата додека лидерот во генералниот пласман ќе стартува од третото место. Пилотот на Ред Бул може уште денеска да ја освои титулата доколку обезбеди 18 поени повеќе од членот на Мерцедес.
Сепак, реално гледано, последната последната трка во Абу Даби треба да го даде освојувачот на титулата во Ф1.