Кубанскиот интернационалец во редовите на Еурофарм Пелистер, Реиние Табоада, кој имаше блескава партија на гостувањето во Португалија, вели дека екипата полека се формира и дека формата на ракометарите оди во нагорна линија.
„ Сега сме многу подобри и во одбрана и во напад. Делуваме како комплетна екипа. Спортинг е тактички добар тим, имаат одличен тренер и добри индивидуалци“ – вели црномурестиот играч.
„Напорно и детално се подготвуваме за вториот натпревар и верувам дека ќе освоиме два бода во Битола. Кога дојдов ми требаше адаптација на новата средина, тука ебариерата со јазикот. Сега е полесно. Соиграчите и тренерот ми помагаат, се чувствувам одлично“ – вели Табоада.

