Ѕвездата на Њујорк Никс, Дерик Роуз е опериран и тој ќе биде надвор од терените најмалку два месеца, објавија од клубот.
Тој имаше успешна операција на десниот зглоб во специјална хируршка болница и ќе се врати во игра за околу осум недели“, напишаа Никси на Твитер.
Роуз беше избран за најкорисен играч во регуларната сезона во 2011-та. Од таа година, кариерата на 33-годишниот кошаркар е исполнета со повреди, особено на колената. Сезонава главно се користи како шести играч и има просек од 12 поени, 4 асистенции и 3 скока по натпревар.