Author: dino

НОВАТА 2022 ГОДИНА НЕКА ДОНЕСЕ УШТЕ ПОГОЛЕМИ НАШИ И ВАШИ УСПЕСИ НА СИТЕ ПОЛИЊА. СРЕЌНИ НОВОГОДИШНИ И БОЖИЌНИ ПРАЗНИЦИ ВИ ПОЖЕЛУВА СПОРТСКО РАДИО 90,3 ФМ

Read More

Голманот на Парма, Џанлуиџи Буфон , кој долго време играше за Јувентус, зборуваше за влијанието на напаѓачот, Кристијано Роналдо, врз тимот од Торино. Претходно, легендарниот голман изјави, дека со доаѓањето на Португалецот, Јуве изгубил дел од ДНК. Роналдо за Јувентус играше три години и за тоа време постигна 101 гол. Сепак, со него тимот никогаш не ја освои Лигата на шампионите како што многумина сонуваа во Торино. „Реков дека со Роналдо, Јувентус изгуби дел од својата ДНК, затоа што навистина мислам така. Кога потпишувате со фудбалер од таков калибар, знаете во што се впуштате. Во такви ситуации, играчите треба да…

Read More

Според извори блиски до тимот на Ферари, инженерите на Скудерија  ја надминале загубата од 20 коњски сили што беше пријавена во почетокот на тестовите поради новите горива. Сега нивната погонска единица има иста моќ како старата верзија и  работи на чист бензин. Според Ферари, нивниот возач Леклер во претходната сезона изгубил 40 поени поради „лоша среќа“. Италијанскиот тим се надева дека ќе ја започне сезоната 2022 со новите посилни болиди и дека тоа ќе им донесе успех на стартот на шампионатот.

Read More

Фудбалерот на Манчестер Јунајтед, Скот МекТоминеј, кој постигна гол на вчерашниот меч со Барнли, вели дека во првиот дел „црвените ѓаволи“ одиграле  одлично додека во вториот го намалиле притисокот. „Можеби првото полувреме беше најдоброто за Рангник. Бевме малку пасивни во вториот дел. Мораме да одржиме едно ниво во сите 90 минути„ – вели играчот на Манчестер Јунајтед. „Учиме и се прилагодуваме. Мораме да се бориме, да трчаме, да создаваме позиции и да одиграме добро“ – изјави младиот фудбалер.

Read More

Поранешниот тренер на Манчестер Јунајтед, Сер Алекс Фергусон кој денеска полни 80 години, доби роденденска честитка од неговиот поранешниот клуб. -Огромни честитки до нашиот легендарен поранешен тренер, напиша Манчестер Јунајтед на „Твитер“. Фергусон го водеше Манчестер Јунајтед 26 години. Под негово водство, тимот го освојуваше англискиот шампионат 13 пати, двапати ја освои Лигата на шампионите, пет пати го освои ФА Купот и четири пати англискиот Лига куп. Фергусон вчера присуствуваше на натпреварот од 20. коло на Премиер лигата, Манчестер Јунајтед – Барнли. Навивачите на домаќините испружија огромен транспарент посветен на легендарниот Шкотланѓанец.

Read More

Ѕвездата на Ливерпул, Мохамед Салах, ќе го предводи египетскиот тим кој ќе настапи на Африканскиот фудбалски куп на нации во Камерун. Селекторот на „фараоните“, Карлос Кеирош, го повика и Трезеге кој по подог период  ја санираше повредата и се врати во Премиер лигата. Во тимот се вклучени и напаѓачот на Галатасарај, Мостафа Мохамед и играчот од средниот ред на Штудгарт. Египет кој има седум рекордни титули  е еден од фаворитите на турнирот закажан од 9 јануари до 6 февруари.

Read More

Светското првенство во хокеј за млади репрезентации кое требаше да се реализира во Канада е одложено поради Ковид-19 откако во три селекции беа откриени заразени играчи. Во исто време, раководството на Меѓународната федерација (IIHF) имаше итен состанок и одлучи целосно да го откаже Светското првенство, како и да ги започне подготовките за организација на нов турнир во 2022 година. „Од јануари започнуваме да работиме на организација на новото првенство. Нема да се откажеме. Можно е да се одржи во јуни или во некое друго време во летото“, коментираше шефот на ИИХФ, Лук Тардиф.

Read More

Менаџерот на фудбалерите на Челзи, Томас Тухел, не крие дека е крајно разочаран по вчерашното реми со Брајтон на – „Стемфорд Бриџ“. Клубот од Лондон имаше предност до 90-та минута, кога гостите успеаја среќно да изедначат и да ја спречат домашната екипа да се израдува на победа.  Тоа на некој начин го налути тренерот на „сините“, Томас Тухел. „Реми е фер резултат? Секако дека не. Имавме подобри шанси и чист пенал. Ова е многу разочарувачки и фрустрирачки. 100 проценти е пенал, прашајте го судијата“ – потенцираше Тухел.

Read More

Фудбалерите на Манчестер Сити со вчерашната победа на теренот на Брајтон направија големи осум бодови предност во одност на Челзи во трката за титулата во Премиер-лигата. Тренерот на „граѓаните“ Пеп Гвардиола, вели дека има уште 54 бодови во игра и дека нема простор да се размислува за титулата ккао што наведуваат новинарите. „ Има уште многу за игра и ништо не е решено. Челзи е европски шампион а Ливерпул е нашиот најголем ривал во последниве години. Ние сме на крајот на декември“ – потенцираше Шпанецот.

Read More

Олимпискиот вице-шампион во теквондо, Дејан Георгиевски, доцна синоќа беше прогласен за најдобар спортист на Македонија за годинава што изминува од страна на Агенцијата за млади и спорт. Признанието кај дамите, заврши во рацете на Мери Акиевска, која освои четири златни медали на светскиот шампионат. Борче Костовски го понесе признанието за најдобар тренер а Теквондо федерацијата за прв пат ја доби наградата. Ракометарката на Металург, Ива Младеновска и каратистот, Столе Смилковски од Олимпик, се најдобри млади спортисти додека фудбалската репрезентација и кадетската женска ракометна селекција беа прогласени за најуспешни во нивните категории.

Read More