Поранешниот тренер на Манчестер Јунајтед, Сер Алекс Фергусон кој денеска полни 80 години, доби роденденска честитка од неговиот поранешниот клуб.
-Огромни честитки до нашиот легендарен поранешен тренер, напиша Манчестер Јунајтед на „Твитер“. Фергусон го водеше Манчестер Јунајтед 26 години. Под негово водство, тимот го освојуваше англискиот шампионат 13 пати, двапати ја освои Лигата на шампионите, пет пати го освои ФА Купот и четири пати англискиот Лига куп.
Фергусон вчера присуствуваше на натпреварот од 20. коло на Премиер лигата, Манчестер Јунајтед – Барнли. Навивачите на домаќините испружија огромен транспарент посветен на легендарниот Шкотланѓанец.