Проблемите со Ковид-19 не ја одминаа ниту Македонската ракометна репрезентација и тоа на само неколку дена до стартот на Европското првенство.
РФМ потврди дека на вчерашното тестирање 5- мина имале позитивни тестови без да прецизира за кого станува збор. Сите заразени ќе мораат да бидат пет денови во изолација а потоа кога ќе добијат два негативни ПЦР-теста ќе може да му бидат на располагање на селекторот, Кире Лазаров.
Нашата експедиција денеска ќе замине за Унгарија. Во Дебрецин на 13 јануари ќе играме со Словенија, два дена потоа со Црна Гора а групната фаза ќе ја затвориме на 17 јануари против Данска.