Пандемијата со Ковид-19 го одложи Светското првенство во ватерполо кое беше закажано во Јапонија, објави – „Тотал ватерполо“. Собирот беше предвиден да се одржи во Фукуока од 13 до 29. мај. Во исто време е донесена одлука за пролонгирање и на шампионат во Доха кој требаше да се реализира во ноември во 2023 година. Тој ќе биде поместен за јануари во 2024 година.
Author: dino
Фудбалерот на Евертон, Доминик Калверт Левин, деновиве може да добие понуда да се пресели во редовите на Вест Хем. Весникот – „Сан“ наведува дека „Карамелите“ за искусниот напаѓач бараат 60 милиони фунти што нема да претставува проблем за „чеканите“ кои се борат за излез во Европа. Ќе потсетиме дека во минатото и Арсенал и Манчестер Јунајтед беа заинтересирани за Калверт.
Холандската фудбалска федерација наводно подготвува понуда за тренерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола, кој има договор со англичаните до летото во 2023 година. „Лалињата“ по Светското првенство во Катар ќе останата без Луј ван Гал и ќе обидат веднаш да пронајдат нов селектор. Според весникот – „Mирор“, нивна примарна цел е искусниот стратег кој не крие дека сака да влезе и во селекторските води.
Претседателот на Реал Мадрид, Флорентино Перез и првиот човек на Барселона, Хуан Лапорта, направиле вербален договор за меѓусебно почитување на фудбалерите кои имаат договори. Според весникот –„Марка“, „кралевите“ и Каталонците нема да ги врбуваат играчите што имаат тековни договори со двата клуба. Тоа не се однесува на фудбалерите кои ќе ги одработат договорите и ќе се појават на трансфер-пазарот.
Бугарската фудбалска легенда која на времето играше за Барселона, Христо Стоичков, не штедеше лоши коментари за младиот играч на Каталонците, Осман Дембеле, кој вчера испрати порака за неговиот статус. „Нè измами дека знаеш да играш фудбал. Ако сакаш да бидеш во Барселона немој да правиш проблеми. Господине Лапорта, отворете му ја вратата и пуштете го да замине“ – потенцираше меѓу другото Стоичков. Според одредени шпекулации, Французинот најверојатно ќе биде принуден да си замине од стадионот – „Камп Ноу“.
Тоа што се најавуваше од страна на фудбалскиот состав, Тотенхем, во текот на денов доби и реализација. Голманот, Хуго Лорис, ја продолжи соработката до 2024 година. Тој досега има одиграно 395 натпревари за лондонскиот тим. -Сакаме да искажеме задоволство што Лорис потпиша договор со нашиот клуб“ – објавија „Спарси“ на социјалните мрежи. Треба да се напомене дека Французинот е првиот голман во историјата на Тотенхем што не примил гол на 100 меча.
Фудбалерите од Премиер-лигата имаа средба со Претседателот на ФИФА, Џани Инфантино. Тој ги увери играчите дека новиот меѓународен календар ќе им го намали обемот на мечеви. ФИФА планира да воведе промени во циклусот на натпревари на репрезентациите за жени во 2024 година и за мажи во 2025 година. Разговорот со Инфантино го иницираше Унијата на играчи во Англија претставувана од ѕвездите на Манчестер Јунајтед Пол Погба и Хуан Мата како и членовите на женскиот тим на Манчестер Сити, Стеф Хотон и Луси Бронзе. На средбата беше поранешниот менаџер на Арсенал, Арсен Венгер, кој работи за ФИФА како шеф на Одделот…
Десет нови случаи на фудбалери и вработени кои се заразени со Ковид-19 се пријавени во Венеција, соопшти клубот од Италија. Тимот кој настапува во Серија А има вкупно 14 случаи со позитивни тестови за коронавирус. Венеција во сабота треба да го пречека италијанскиот шампион Интер, но, натпреварот може да биде одложен. Според најновите здравствени протоколи поврзани со натпреварите во Серија А, клубот може да побара одложување доколку 35% од играчите се тестираат позитивно за КОВИД-19. Венеција не прецизира колку има заразените играчи во тимот и колку се од придружниот персонал.
ФИФА реши да го ограничи бројот на фудбалери кои ќе одат на позајмица во текот на една сезона. Тоа значи дека клубовите во 2022/23 ќе можат да позајмат најмногу 8 фудбалери во сезоната 2023/24 ќе можат да позајмуваат максимум седум а од 1 јули 2024 година вкупниот број на позајмени фудбалери ќе биде 6. Правилата не се однесуваат на играчите помлади од 21 година. Минималниот договор за позајмица ќе биде помеѓу два трансфер периоди – зимскиот и летниот.
Манчестер Јунајтед ја одби понудата на Њукасл за фудбалерот, Џеси Лингард. „Враните“ сакаат да го изнајмат до крајот на сезоната и сакаат да му ја покријата целата плата. Сепак, „црвените ѓаволи“ не се согласуваат со понудата бидејќи договорот на играчот истекува на крајот од сезоната. Тимот од „олд Трафорд“ е подготвен да ги разгледа понудите само за негова продажба , но, не сака да го изнајмува. Лингард неодамна изјави дека сака да игра редовно во Вест Хем. „Чеканите“ внимателно ја следат ситуацијата.
