Директорот на Мерцедес во Формула 1, Тото Волф, побара да се прецизираат правилата и регулативите на ФИА.
„Не можеме слободно да се однесуваме со правилникот за спортот. Мора да биде јасно кои се правилата пред стартот на новата сезона. На крајот ние правиме забава, но ниту една одлука не треба да ги крши правилата поради забава“ – вели Волф.
„Можеме барем да се обидеме заедно со ФИА да ги подобриме работите за во иднина“ – изјави Волф.